Стоковната размена со странство 664,8 милиони долари

Bez autora
Mar 06 2012

Стоковната размена на Македонија со странство во јануари годинава изнесува 664.782.000 американски долари. Вредноста на извозот е 247.177.000 долари, увозот е 417.605.000 долари, при што покриеноста на увозот со извозот изнесува 59,2 отсто. Трговскиот дефицит, во јануари 2012 година, е 170.428.000 долари. Според податоците на Државниот завод за статистика, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивните соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката, како и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Во јануари 2012 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ со 60,9 отсто и земјите од Западен Балкан со 21 отсто.

Стоковната размена со странство 664,8 милиони долариСтоковната размена на Македонија со странство во јануари годинава изнесува 664.782.000 американски долари.

Вредноста на извозот е 247.177.000 долари, увозот е 417.605.000 долари, при што покриеноста на увозот со извозот изнесува 59,2 отсто. Трговскиот дефицит, во јануари 2012 година, е 170.428.000 долари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивните соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката, како и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Во јануари 2012 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ со 60,9 отсто и земјите од Западен Балкан со 21 отсто. Во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ со 56,2 отсто и земјите во развој со 25,1 отсто.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, земјава најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Бугарија и Кина. Со овие пет земји се врши 45,6 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik